| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени броеви за донации за помош на Пеце Роговски

1919215_1179117952190_4436075_n

Отворени се броеви за донирање на средства за помош на Пеце Роговски на сите три мобилни оператори.

Триесет и едногодишниот битолчанец Пеце Роговоски пред околу една година беше опериран од туморозна творба, т.е лопосаркома миџсоидес на лева глутеална регија на пластична хирургија, во државната болница во Скопје. После тоа беше опериран уште еднаш, а потоа следеше зрачна терапија.

Сето тоа се одвиваше во Скопје, а за тоа беа потребни многу финансиски средства бидејќи траеше 7 месеци.
Пред неколку месеци му е дијагностицирана нова туморска творба на карлица заедно со спиналниот канал поради што повторно беше во Скопје на зрачење и за тоа беа потрошени 120.000 денари.
Сега е потребна итна операција која според информациите ќе чини околу 20.000 евра, а исто така потребни се и финансиски средства за дополнителни снимања и испитувања, како и патни трошоци, сместување.
Роговски е невработен и живее со својата самохрана мајка, која, исто така, е невработена.
ДОНИРАЈТЕ НА: 

ВИП: 077 – 143 – 610
ONE: 075 – 143 – 600
T-Mobile: 070 – 143 -181

Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
200002877989992
Стопанска Банка А.Д. Скопје 

Можност за донација на indiegogo.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top