| четврток, 6 декември 2018 |

Обука како да се читаат означувањата на храната

potrosuvackaПотрошувачите во неколку трговски центри низ Скопје денеска ќе се запознаат со новите едукативни летоци за безбедноста на храната, што ги изработи Агенцијата за храна и ветеринарство. Преку нив ќе се информираат за општите и посебните означувања.

На пример, информираат за читањето на означувањето на прехранбените производи, за означувањето на адитивите, на генетски модифицираната храна, на алергените состојки, како и истакнувањето на нутритивните и здравствените тврдења.

Презентацијата ќе се одржи во Веро центарот од 11 до 13 часот, во  присуствуво на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Тим на Агенцијата во истото време ќе ги промовира информативно-едукативните летоци и во супермаркетот Тинекс во ТЦ Зебра во населбата Капиштец.

Настанот е во рамки на проектот „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“  што Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и е дел од Програмата на Владата за заштита на потрошувачите. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top