На 4 август, вторник со почеток во 18.30 часот, во „Порта Македонија“, ќе бидат промовирани две книги на авторот д-р Марија Емилија Кукубајска. Изданието „Антологија на античко-македонска поезија“ е преведено и приредено од авторот, а рецензенти на изданието се д-р Васил Тоциновски и д-р Страшко Стојановски.
„Букварчето на Емилина“ е авторски труд на Марија Емилија Кукубајска, а се однесува на раната писменост кај децата на возраст од три до шест години. Рецензенти на ова издание се д-р Виолета Димова, д-р Соња Петровска и д-р Душко Цацков.
Д-р Марија Емилија Кукубајска е истакната македонска поетеса и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.