| четврток, 6 декември 2018 |

Париз и Москва договорија обештетување за „Мистрал“

По осуммесечни преговори Париз и Москва постигнале договор за сумата што Франција треба да и ја исплати на Русија како обештетување за неиспорачаните воени бродови Мистрал. Тоа го изјави висок руски претставник за западни медиуми.

mistral-nosac-helikoptera-jpg_660x330

– Преговорите завршија и се е решено – и роковите и сумата, изјави Владимир Кожин, советник на Путин за воена соработка и техника.

– Се надеваме многу брзо да го потпишеме согласност за анулирање на договорот, додаде тој.

Според денешен Комерсант, во Русија наместо два Мистрала ќе „допловат 1,2 милијарди евра“. Според извори на весникот, таа сума целосно ќе биде исплатена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top