Оние неколку драгоцени денови кои ќе ги поминете на плажа одмарајќи од сите секојдневни обврски, мора да се искористат до максимум. За ништо да не ви го поремети овој долгоочекуван одмор, внимавајте на следните работи.
Летна настинка
Дел поради тоа што премногу време поминуване во климатизирани простории, дел и поради студената вода, ненадејните промени во времето и слично, летните настинки лесно се фаќаат.
За да не ви помине времето во бришење на носот и кашлање, избегнувајте постојано да седите со запале клима уред, или барем, не го местете на многу ниски температури (На колку степени треба да го наместите клима-уредот прочитајте овде). Обидете се да останувате премногу време во ладна вода, посебно ако летувате на езеро, каде водата обично е поладна отколку во море.
Не го потценувајте спуштањето на температурите навечер и понесете џемпер или јакна.
Изгореници
Изгорениците и предолгото сончање го зголемуваат ризикот од рак на кожата, што е доволно сериозно. Но, изгорениците може да ви направат пекол од одморот. Не само што нема да можете да спиете, туку и неколку дена ќе ви поминат во лечење на кожата, време кое нема ни да ви текне да излезете на сонце или влезете во вода.
Решението? Веќе го знаете. Мачкајте се со крема за сончање со висок УВ фактор и првите денови не седете на сонце во најжешкиот период. Сончајте се наутро и после 17 часот и направете добра подлога за потемнат тен.
Повреди
Внимавајте на вашиот чекор во морето, бидејќи може да налетате на морски ежови скриени во карпите. Ако се боцнете, покрај огромната болка, раната лесно може да се инфицира ако не се третира навреме.
Внимавајте на вашиот чекор и на плажа, каде има многу карпи и камења, а во песокот често може да се најдат и оси.
Стомачни проблеми
Ова е најверојатно најчестиот здравствен проблем со кој луѓето се соочуваат секое лето. Некои од нив имаат нервозен стомак, на другите не им одговара промената на храна, а третите пијат вода од чешма.
Опремете се со пробиотици пред заминување на пат. Обидете се да јадете само храна која е проверена и избегнувајте да јадете многу од локалните зачини. Пијте флаширана вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каква е температурта на морето во најпопуларните места за летување на Македонците
-
„Огнен предизвик“ се шири меѓу тинејџерите: Девојче си го изгоре половина тело (видео)
-
Зошто летувањето во септември е подобро од она сред лето?
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!