Шота Арвеладзе, тренерот на Трабзон, очекува неговиот тим да се пласира во следната рунда и покрај поразот од Работнички од 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лига Европа.
-Натпреварот започна како што очекувавеме, ние се обидивме но не успеавме да воспоставиме контрола во средината на теренот, не усеавме тука да го ‘отовриме’ Работнички. Во тој период и го примивме голот. Во вториот дел игравме подобро имавме неколку опасни напади преку крилните играчи, но не успеавме да погодиме. Пред натпреваот целта ни беше да не примиме гол но за жал не успеавме во тоа. Работнички е еден добар тим, сериозно му пристапивме на тапреварот, не го потценивме противникот. Очекувам дека ќе победиме на реваншот- рече по натпреварот Арвеладзе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.