Многумина од ѕвездите на американската кошарка ги понесе славата и пороците, па сега од големите милиони долари останаа „на улица“. Меѓу нив се и Ален Ајверсон, Ентони Вокер, како и центарот Вин Бејкер.
Сега, како 43 годишен, поранешниот играч на Милвоки, Сиетел, Бостон, Њујорк, ја споделува својата приказна како поука за следните генерации.
Бејкер во кариерата заработи над 100 милиони долари, а денеска е среќен што може да каже дека има работа. Благодарение на сопственикот на ланец кафулиња Старбакс, Хауард Шулц, поранешен сопственик на Сиетл Суперсоник каде Бејкер играше пет сезони, поранешниот четирикратен учесник на Ол Стар Бејкер има нова шанса за живот.
-Во оваа компанија шансите за сите се подеднакви. Имам прекрасна ситуација во Старбакс и луѓето се навистина прекрасни- вели Бејкер кој минува обука за менаџер. Бејкер признава дека многу пиел и трошел без граница заради што банкротирал.
-Бев алкохоличар. Водев двоен живот, бев навлечен на многу пороци, а тоа е формулата за пропаст. Кога не можете да разликувате еден милион од 15 милиони долари, тогаш сте на добар пат да загубите се. Затоа би ги советувал сите млади играчи да внимаваат на секој долар што го заработуваат, бидејќи ќе завршат како мене, вели поранешниот кошаркар и додава: Имам 43 години и четири деца. Повеќе не пијам и одоворен сум. Среќен сум што имама работа во Стабакс, бидејќи можев да завршам во затворт или во некоја банда- додава некогашната ѕвезда во најсилната кошаркарска лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.