| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички е без мани и против големи и мали

Работнички игра одличен фудбал и против фаворитот Трабзонспор и води со 1-0 по првото полувреме од мечот од третото квалификациско коло за пласман во Европа Лигата на УЕФА.

Капитенот Баже Илијоски беше прецизен во 23. минута кога рутински погоди по прекрасната асистенција на Стефан Вујчиќ. Мат во два потези, неодбранлив за скапата екипа од Турција.

Со играта во првото полувреме „романтичарите“ покажаа дека играат офанзивно без калкулации и против таканаречените мали и големи екипи. Ако Флора и Јелгава беа во рангот на помалите клубови од северот на Европа, Трабзонспор е супер скап проект кој чини над 100 милиони евра, а сепак Работнички машки им се спротивставува по првите 45 минути и води со 1-0.

rabotnicki-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top