| четврток, 6 декември 2018 |

Валериу Стрелет e нов премиер на Молдавија

Valeriu StreletНов премиер на Молдавија е пратеникот и бизнисмен Валериу Стрелет, откако тој и неговиот кабинет денеска ја добија поддршката од Парламентот. Неговиот избор со декрет го потврди и претседателот на Молдавија Николае Тимофти.

Од вкупно 101 пратеник, Стрелет ја доби поддршката од 52 пратеници од редовите на проевропската коалиција. Како приоритети на неговата Влада ги истакна европските интеграции, како и пошироко партнерство со САД и НАТО.

Претходниот премиер Кирил Габуричи поднесе оставка на 12 јуни, по обвиненијата за наводно фалсификување на дипломата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top