| четврток, 6 декември 2018 |

Статистиката во канџите на грчката криза

elstatЕдна од најважните одредби на која грчката влада на Алексис Ципрас се обврза во прелиминарниот договор со еврозоната е и обврзувањето за поголема независност на грчкиата канцеларија за статистика ЕЛСТАТ.

Обвинителството веќе трета година води истрага за доскорешниот прв статистичар Андреас Георгиу со обвинение за национално предавство, односно дека намерно го зголемувал дефицитот за 2009 и 2010 година за да се оправдаат строгите мерки за штедење и реформите кои ги наметна еврозоната.

Георгиу е познат економист, статистичар со долгогодишен стаж во ММФ и учител по боречки вештини, а во ЕЛСТАТ го назначи социјалдемократската влада за да ја врати довербата во таа институција.

Кон крајот на 2010 година ЕЛСТАТ пресмета дефицит во 2009тата од 15 проценти од БДП, додека поранешната директорка на статистиката Зое Георганта тврдела дека реалниот дефицит е едвај четири проценти.

-Тој воопшто нема идеја што е тоа статистика, само одработува што му вели Евростат- обвинуваше таа.

Токму на нејзините обвинувања, како и од другите вработени во ЕЛСТАТ, Обвинителството под притисок на политиката тргна во криминална истрага против Георгиу и неговите двајца најблиски соработници за фалсификување на државната статистика по мерка на кредиторите.

На Георгиу му се закануваа пет до 10 години затвор, но последните неофицијални информации од грчкото правосудство кои ги пренесоа медиумите велат дека ксудот ги отфрлил обвиненијата за казнено дело, но ќе ги прифати оние за кршење на службената положба. Дополнително се разгледуваат и обвинувањата дека тој во ист момент работел и во ММФ и во ЕЛСТАТ.

Инаку, Георгиу за цело ова време ја ужива поддршката од европскиот Совет на статистичките заводи. Годинава му истече и мандатот, па грчката статистика сега е без челник.

Многумина во георгиу гледаат „жртвено јагне“ на националната хистерија во која статистиката мора да служи на државните интереси, а доколку бројките велат поинаку, тогаш е лошо и за бројките- и за статистичарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top