Најмалку 30 лица загинаа денеска во лизгање на земјиштето во две села во планинско подрачје на западот на Непал, а лошите временски прилики ја попречуваат работата на спасувачките екипи.
Припадниците на спасувачките екипи досега успеале да извлечат 19 тела на настрадани во селото Лумла, а уште пет тела во друго село.
Во тек е потрагата по уште најмалку 11 исчезнати лица во лизгање на земјиштето кое го покренаа обилни дождови во текот на ноќта во селото Лумла, на околу 200 км западно од Катманду.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.