| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнителен пакет приземји авион

avionПортпаролот на меѓународниот аеродром во Варшава соопшти дека патнички авион Боинг 777-300 на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 332 патници и членови на екипажот денеска принудно  слетал на нивниот аеродром, пренесоа американските медиуми.

Тој изјави дека патниците биле евакуирани на аеродормот „Фредерик Шопен“, а персоналот на аеродромот го проверува авионот.

Портпаролот не прецизираше што го предизвикало принудното слетување на авионот, што летал од Истанбул за Сан Франциско.

Полската телевизија ТВН 24 соопшти дека во авионот бил забележен сомнителен пакет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top