| четврток, 6 декември 2018 |

Измерени 40 степени во Скопје, Штип и Гевгелија

Sun-Thermometer-jpgМаксималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени.

Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на денот времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ветерот ќе се засилува.

Времето утре ќе биде променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.

Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а највисоката, се очекува да достигне од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top