Македонски Телеком следниот месец ќе исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 5.646.607.282 денари или 91,8 милиони евра. По тој основ од вкупниот износ Владата ќе добие 35,5 милиони евра согласно 38,68 проценти од акциите што ги поседува државата во компанијата.
Согласно Одлуката за дивидендата за минатата година во вкупен бруто износ од 5.646.607.282 денари, бруто износот по акција изнесува 65,46 денари, со вклучен данок на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо.
На денот на исплата на дивидендата, од бруто износот на дивидендата по акција од 65,46 денари при исплатата на физичките лица МТ ќе задржи и уплати 10 проценти данок на добивка и 10 проценти персонален данок на доход, а при исплатата на странските правни лица ќе задржи и уплати 10 проценти данок на добивка и 10 проценти данок по задршка.
Право на дивиденда за минатата година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Телеком на 5 април. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2012 година е 2 април, а прв ден на тргување без такво право 3 април. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 17 и 30 април.
Одлуката за исплата на дивидендата е донесена на денешната седница на Годишното Собрание на МТ.
На вонредни состаноци, пак, на одборите на директори на МТ и на Т-Мобиле за нов извршен директор на Телеком и за претседател на Одбор на директори на Т-Мобиле е избран Тило Куш. На позицијата главен извршен директор на Телеком, Куш доаѓа на местото на Даниел Сас, чија оставка е констатирана на седницата, а кој ја продолжува кариерата во компанија во Унгарија. Новите функции Куш треба да ги извршува од 8 април, со мандат од четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Фокус“: Акционерите обвинуваат – Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком
-
Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?
-
Повторно падна Телеком, корисниците блокирани


