Шота Арвелаѕе ќе го предводи Трабзонспор вечерва против Работнички, а веројатно тоа ќе му биде и последната епизода на кормилото на турскиот клуб по инцидентот на завчерашниот тренинг на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Публиката вечерва од 20 часот нема да го гледа голманот Онур Киврак, една од легендите на Трабзонспор и миленик на навивачите на овој клуб. Тој бесен си замина од Скопје поради бизарна причина. Капитенот на Трабзонспор се побунил поради комоцијата во возилото во кое се возел за да го посети вечниот дом на трагично загинатиот македонски голман Петар Милошевски, кој има настапувано за Трабзонспор.
Караницата била голема и тоа за време на тренингот, а очевидци велат дека за малку е избегната и физичка пресметка меѓу Каврак и спортскиот директор Сулејман Хурма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.