| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар во знакот на Трабзонспор

Во Гостивар има значителна популација од турско потекло, а вчера раководството на Трабзонспор го посети македонскиот град на западот од нашата земја и се дружеше со граѓаните. Во Гостивар има многу симпатизери на Трабзонспор, кои беа одушевени од гестот на челниците на турскиот клуб.

Предводени од генералниот секретар Кокшал Ѓунеј, претставниците на Трабзонспор им поделија дресови и навивачки реквизити со обележјата на клубот на дел од своите симпатизери во Гостивар.

Вечерва од 20 часот турскиот клуб ќе игра против последниот македонски претставник на евросцената, Работнички во меч од третото квалификациско коло за настап во Лигата на Европа на УЕФА.

trabzon-vo-gostivar

 

ФОТО: ekipa.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top