| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесетмина инфицирани со бруцелоза во Рила

Примероците земени од 11 лица од бугарскиот град Рила, што се наоѓа во близина на Благоевград, покажале позитивни резултати на тестирањето за бруцелоза, јави БТА.

koze-ovci500

 

Претставникот на Регионалната здравствена инспекција од Ќустендил, Динко Динев во изјава за агенцијата потврди дека денеска биле потврдени сомнежите за бруцелоза на примероците од 11 жители на Рила што вчера биле испратени на испитување во Софија.

Според Динев, заболените лица се на возраст од 36 до 77 години.

Тој најави дека заболените ќе бидат подложени на задолжително лекување и редовно ќе биде следена нивната здравствена состојба.

Луѓето можат да заболат од бруцелоза при контакт со заболени животни или при конзумирање на производи од бруцелозен добиток. Инфицираните лица вообичаено се лекуваат со антибиотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top