Бугарските ветеринарни служби открија ново жариште на болеста бруцелоза во градот Рила, соопшти денеска регионалната управа на Агенцијата за безбедност на храната од Ќустендил.
Како што јави БТА, при направените анализи бруцелозата е потврдена кај 15 кози во три земјоделски домаќинства во Рила.
Анализата е извршена откако болеста беше дијагностицирана кај еден локален жител на Рила. Агенцијата за безедност на храната од Ќустендил информира дека се преземени првични мерки за изолирање на заразените животни, по што во текот на денов се очекува да бидат воведени и дополнителни мерки со цел да се спречи ширењето на болеста.
Луѓето можат да заболат од бруцелоза при контакт со заболени животни или при конзумирање на прозиводи од бруцелозен добиток. Животните заболени од бруцелоза се уништуваат, додека инфицраните луѓе се лекуваат со антибиотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.