Вчерашниот состанок на Би Таекубол, кој е нов акционер во Милан и Силвио Берлускони минал во најдобар ред. Договорот е постигнат, а тајкунот од Тајланд ќе стане акционер во тимот со 48 проценти сопственот. Тоа го обврзува да плати околу 500 милиони евра и да инвестира во нови засилувања.
Со тоа касата на Милан е повторно полна, и првиот тренер на тимот може да ги оствари првичните замисли за нови засилувања.
Првиот оперативец на тимот Адриано Галијани потврди дека некогашниот европски шампион сеуште не го затворил преодниот рок и со сите сили ќе се обиде да ги доведе Ибрахимовиќ, Ромањоли и Витсел.
Ибрахимовиќ праќа различни сигнали, но се поизгледно е дека ќе се врати во Милано до крајот на преодниот рок. Галијани во договор со Михајловиќ посакува по секоја цена да го добие централниот дефанзивец Ромањоли кој е еден од најдобрите млади играчи во светот на оваа позиција.
Коцките би се склопиле со доведувањето на Аксел Витсел од Зенит кој треба да ја пополни празнината во средниот ред.
Милан денеска игра против Реал Мадрид во рамките од интернационалниот Куп на шампиони во Кина. Михајловиќ повторно ќе настапи со комбиниран состав. Во второто полувреме во нападот ќе се обиде со Бака и Адриано, а мечот ќе го стартуваат Черчи и Нианг.
Резулатот не е во преден план, а навивачите веруваат дека Милан ќе доведе уште фудбалери до крајот на преодниот рок и до почетокот на сезоната ќе биде конкурентен во борбата за самиот врв на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим