| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО не исклучува војна со Северна Кореја

North KoreaЗаменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави денеска дека „со младиот и неискусен севернокорејски лидер Ким Џонг-Ун би било неразумно да се исклучи можноста за воен судир на Корејскиот полуостров“.

– Северна Кореја е позната по своите претерани забелешки и воени закани. Но САД и нивните сојузници имаат доволно потенцијал за одвраќање и за спречување настаните да се одвиваат според севернокорејско сценарио, рече Вершбоу за Радиото „Ехото на Москва“.

Вершбоу истакна дека никој не може да биде сигурен околу било што, особено кога е „толку млад, неискусен и непотврден лидер на чело на Северна Кореја“.

– Значи, опасноста од воен судир не може да се исклучи, наведе заменикот генерален секретар на НАТО за руското радио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top