Силна детонација се слушнала синоќа околу половина час по полноќ во близина на зградата на СВР – Скопје во скопски Аеродром.
Според објавените информации од „Прес 24“, непознато лице активирало експлозивна направа на паркинг-просторот во близина на Секторот за внатрешни работи, а од детонацијата биле оштетени повеќе возила.
Местото веднаш било обезбедено, а од полицијата информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени денеска, по завршување на увидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.