| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 60.000 Грци отвориле банкарски сметки во Бугарија

Илјадници грчки фирми и хонорарни професионалци отвораат сметки во банки во странство, за да можат да ги извршуваат своите трансакции без ограничувања, како што е контролата на капиталот што ја наметна локалниот кредитен систем, јави дописникот на МИА од Атина.

Банкарски извори велат дека во последните неколку недели имало илјадници апликации за нови корисници во кипарски, бугарски, романски, британски и германски банки и тоа не од големите компании од Грција, кои веќе се заштитија, туку од мали и средни претпријатија и хонорарци.

Според извештај објавен во германското списание „Шпигел“, околу 60.000 Грци во изминативе неколку недели отвориле банкарски сметки во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top