| четврток, 6 декември 2018 |

75 данок за компаниите во Франција, богаташите куртулија

Francois HollandeФранцуските претпријатија со годишна заработувачка поголема од милион евра ќе плаќаат данок од 75 отсто во следните две години, најави францускиот претседател Франсоа Оланд. Домаќинствата со приходи преку милион евра засега се поштедени од тој данок откако Државниот совет во декември лани и Уставниот совет во крајот на февруари „цензурираа“ таков предлог на француската влада. Тие јасно образложија дека новиот данок може да се применува на приватни лица со годишни приходи над милион евра ако се работи за самци, додека доколку се работи за парови, приходите мора да бидат над два милиони евра.

На Оланд не му појде од рака да го исполни своето предизборно ветување за одданочување од 75 отсто за најбогатите индивидуални даночни обврзници, и затоа асега се обидува да го примени барем врз компаниите. Оланд не откри детали како ќе се пресметува данокот, ниту на кој начин ќе ги погоди заработувачките, но ќе се применува само две години.

Во интервјуто за државната телевизија тој се обиде да ја увери француската јавност дека води здрава фискална политика во изминатите 10 месеци од својот мандат. Вети и дека нема да ги зголеми даноците на приходи во 2014 година, но остави отворена можност за раст на давачки на други нивоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top