Младиот тим на Ајакс оствари одличен резултат во Виена против Рапид и во реваншот од третото квалификациско коло за пласман во ЛШ ќе тргне на домашен терен со резултат 2-2.
Гостите од Амстердам водеа со 2-0 со головите на капитенот Дејви Класен, а во вториот дел Рапид израмни на 2-2.
Интересно е што избраниците на Франк Де Бур се убедливо најмладата екипа во квалификациите за ЛШ со просек на години околу 22. Највозрасен е голманот Јаспер Силесен со 26 години, капитенот Класен има 22 години, а најмлади се Базоер и Ридевалд со по 18 лета. Исклучително млад, но квалитетен состав што игра одлично и има шанса да биде дел од европскиот клупски крем во најдоброто натпреварување, Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Најубавиот гол во финалињата од Лигата на шампионите (Видео)
-
На „светците“ им се стемни во Мадрид, Ливерпул со еден чекор во четвртфинале
-
Каков татко, таков син: Клајверт јуниор со три прекрасни гола запиша хет – трик за паметење (видео)