| четврток, 6 декември 2018 |

Дехари: „Независно дали ќе се вика Ускана, Кицавица, Кичево или Крчов, ќе бидам градоначалник на сите“

Независно дали ќе се вика Ускана, Кицавица, Кичево или Крчов, ние сме сите граѓани, јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани, на сите заедници што живеат таму, рече новиот кичевски градоначалник Фатмир Дехари. Дехари за Алсат- М вели дека изборната реторика останува позади, но оваа игра околу името на Кичево се надоврзува на предизборниот говор во кој најави „прошетки по етничка Албанија“ проследен со слики во која Дехари е во униформа на УЧК со оружје во рака

fatmir dehari 1Изборната реторика останува во минатото. Сега треба да се свртиме кон заедничката иднина, проектите околу кои треба да се соединиме и да се ангажираме сите заедно за да го претвориме Кичево развиен и современ град, изјави Дехари за Алсат-M. Според него, за да се постигне тоа, потребно е ангажирање на сите граѓани независно од нивната етничка, религиозна и политичка припадност. Тој вели дека Кичево е исто за сите и оти тој ќе биде градоначалник на сите граѓани на Кичево.

– Ги повикувам граѓаните да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина, да се почитуваме, во еден аспект и како браќа за да работиме заедно, да се запознаеме и да се поддржиме што повеќе едни со други. Јас нема да правам разлика на кој било начин меѓу граѓаните врз основа на нивната етничка припадност, бојата или верската припадност, сигурно ќе ги слушнам нив, ќе бидам меѓу нив… Независно дали ќе се вика Ускана, Кицавица, Кичево или Крчов, ние сме сите граѓани, јас ќе бидам градоначалник на сите граѓани, на сите заедници што живеат таму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top