Шансите на Работнички за подвиг рапидно пораснаа по неочекуваниот развој на ситуацијата во таборот на Трабзонспор и оставката на тренерот на гостите Шота Арвелаѕе и напуштање на тимот на капитенот Онур Киврак.
Тим менаџерот на дебармаалци, Игор Ангеловски со сосема истиот состав со кој триумфираше против летонската Јелгава на националната арена „Филип Втори“ ќе му се спротистави на фаворитот со разнишана атмосфера во тимот на утрешниот прв натпревар од 3. квалификациско коло за ЛШ во Скопје.
„Ќе играме со истиот состав како и пред една недела. Нема потреба да менуваме, ниту, пак, има ете потреба нешто да криеме од противникот. Чест ни е да ги одмериме силите со еден таков тим, но ни најмалку не мислиме да бидеме само голи учесници и статисти во овој двомеч, туку силни да се спротиставиме. Многумина сега би рекле дека Работнички нема што да загуби од мечевите со Трабзонспор, но јас на тоа гледам малку поинаку: Работнички може многу да добие“, изјави Ангеловски.
Мечот се игра утре од 20 часот на националната арена „Филип втори„ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.