| четврток, 6 декември 2018 |

Кардозо и М`Биа, трагичар и јунак на финалето на ЛЕ пред две години, сега главни ѕвезди во Трабзонспор

Оскар Кардозо и Стефан М`Биа се главните ѕвезди во звездениот состав на Трабзонспор вреден над 100 милиони евра, што утре ќе игра против последниот наш мохиканец во европските купови, Работнички.

Интересно е што овие двајца фудбалери беа големи ривали во финалето во Европа Лигата на УЕФА пред две сезони кога Севилја на пенали ја победи Бенфика со 4-2.

М`Биа играше за Севилја и беше еден од јунаците на триумфот во финалето, бидејќи погоди во пенал серијата, а Кардозо кој играше за популарните „орли“ од Лисабон имаше трагична епизода по утката од белата точка во втората серија. Интересно е што во истата серија шутираа и Кардозо и М`Биа, но со сосема различен ефект.

mbia

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top