Трабзонспор ќе биде хендикепиран на мечот против Работнички утре од 20 часот, а сериозен потрес предизвика капитенот Онур Киврак, кој се скарал со тренерот на турскиот клуб Шота Арвелаѕе и си заминал од Скопје. Киврак е голман и капитен на Трабзонспор, и е миленик на навивачите на турскиот клуб што ќе предизвика дополнителни потреси. По инцидентот оставка си поднел тренерот Арвелаѕе.
Отровно стрели се насочени кон Управата на Трабзонспор и од турските медиуми, кои ја објавија информацијата дека Киврак си заминал од Скопје. По инцидентот и тренерот на Трабзонспор поднел оставка, но според последните информации не му е прифатена и тој ќе го води тимот против Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.