| четврток, 6 декември 2018 |

Еден работник загина, а еден е повреден при истоварање гранитни плочи

Еден работник загина, а друг е повреден во несреќа која се случила вчера во прилепското село Ново Лагово, пред атељето за преработка на гранит и мермер „Ла Бисчина“ при истоварање гранитни плочи од товарно моторно.

rabotnici

Како што информира полицијата, плочите се навалиле и паднале врз двајца работници.

Еден од нив, Зоран Д.(41) починал на самото место, а Ж.С.(54) се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Медицинскиот центар во Прилеп за укажување лекарска помош.

Од страна на прилепската полиција извршен е увид и се работи на целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top