| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Ако Конгресот стави вето врз договорот со Иран, САД ќе останат без механизам за контрола на неговата нукеларна програма

Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди членовите на Конгресот доколку го отфрлат нуклеарниот договор со Иран, Техеран ќе почне да работи на создавање нуклеарна бомба, а Вашингтон ќе остане без механизмите за контрола врз иранската нуклеарна програма, што е дел од договорот, пренесоа американските медиуми.

Кери пред комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Конгресот изјави дека конгресмените имаат избор меѓу спогодба која ќе ја ограничи иранската нуклеарна програма преку стриктни инспекции и тоа воопшто да нема спогодба.

-Доколку САД се повлечат од спогодбата нивните меѓународни партнери нема да ги следат, предупреди Кери.

Тој вети дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Иран доколку го поддржува тероризмот и ги нарушува правата на човекот, но ќе биде потешко да се врши притисок доколку Иран се здобие со нуклеарно оружје.

Претседателот на комисијата, републиканецот Ед Ројс, од Калифорнија, остро ја критикуваше спогодбата за иранската нуклеарна програма.

-Ако оваа спогодба се реализира, Иран ќе собере многу пари и ќе ги зацврсти своите позиции на меѓународната сцена. Колку Иран ќе биде посилен толку ние ќе бидеме послаби, за да возвратиме, рече Ројс, цитиран од британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top