По донесувањето на Законот за прекршоци од страна на Собранието, институциите веднаш започнаа со процес на усогласување на своите материјални закони со овој системски закон.
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев потенцира дека денес на владина седница беа усвоени над 20-тина закони од различни области како земјоделие, труд и социјална политика, економија, финансии, царина…
-Тие опфаќаат над 80-90 проценти од најчестите прекршоци кои се случуваат. Тие веднаш ќе бидат испратени во Собранието на тамошно изгласување со цел што побрзо да се создаде правен амбиент за да може да се ползваат ефектите од намалените санкции за стопанските субјекти, истакна Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…