| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за двојното убиство во Козле

Полицијата трага по убиецот на мајката и на синот, кои утринава беа застрелани во глава, во куќа во скопската населба Козле.

policija-2

Она што е досега познато е дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А., кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.

Ноќта кога се случило убиството, сопругата на Самет се наоѓала во куќата, на горниот кат со своите родители. Според првичните информации, нејзиниот сопруг и неговата мајка Ѓулчин Е.(52), по потекло од Бурса, Турција, спиеле на долниот кат од куќата.

– Кога сопствениците на куќата се симнале на долниот кат каде што спиеле нивните гости од Турција, забележале дека се убиени, по што случајот го пријавиле во полиција. Првично, според исказот на пријавителот, никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена – изјави помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата презема интензивни мерки за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top