Претседателот на Русија Владимир Путин денеска даде изјава за првиот човек на ФИФА, кој е во заминување, Сеп Блатер.
Тој смета дека личности како него заслужуваат да добијат Нобелова награда.
– Сите знаеме каква е состојбата околу Сеп Блатер. Не сакам да навлегувам во детали, но не верувам во ниту еден збор дека тој е вмешан во корпуција. Мислам дека личности како Блатер заслужуваат посебно признание. Ако некој заслужува Нобелова награда, тогаш тоа е таа личност – изјави Путин.
ФИФА ја тресе најголемиот корупциски скандал во нејзината 111-годишна историја. На барање на обвинителството на САД во врска со корпуцијата во Светската куќа на фудбалот на 27 мај се уапсени седум високи функционери, а 14 се обвинети.
Сеп Блатер два дена по тоа на изборите за нов претседател по петти пат доби нов четиригодишен мандат, но на 2 јуни поднесе оставка и ќе биде на чело на ФИФА до вонредните избори на почетокот на следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.