| четврток, 6 декември 2018 |

Откако беа објавени скандалозни снимки, британскиот лорд се повлече од Парламентот

Британскиот лорд Севел поднесе оставка на местото пратеник во Горниот дом на Парламентот, откако беа објавени тајно направени видеоснимки, на кои се гледа како тој се дрогира во присуство на проститутки.

lord brit

Снимките ги објави весникот „Сан он сандеј“ во неделата, предизвикувајќи скандал и шокираност во британската политичка јавност, затоа што Севел не беше само член на Горниот дом, туку и негов заменик-спикер и претседател на Комисијата за привилегии.

Во писмото пратено до секретарот на Горниот дом, лорд Севел изразува жалење за штетата што му ја предизвикал на Парламентот со своето однесување и јавно се извинува.

– Најдоброто нешто што сега можам да го направам за Парламентот е да се повлечем целосно од него – вели  лорд Севел во оставката.

Претходно, лордот поднесе оставка и на функциите заменик-спикер и претседател на парламентарната комисија, а сега се соочува и со полициска истрага.

Лондонската полиција потврди дека почнала да го испитува неговиот случај и дека веќе бил извршен претрес во неговата куќа во британскиот главен град.

lord

Целиот случај околу дрогирањето на нејзиниот заменик, полицијата ѝ го предала на претседателот на Горниот дом, баронесата Д’Соуза, веднаш по појавувањето на снимките во „Сан он сандеј“.

Медиумите во Лондон пишуваа дека Севел, поранешен лабуристички пратеник и едно време заменик-министер за Шкотска во Владата на Тони Блер, нема целосно да се повлече од Парламентот. Тој сепак се одлучи на заминување од британската политика, по притисокот што врз него го извршија медиумите и другите парламентарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top