Првите дискусии меѓу грчките власти и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за Грција, почнаа вчера на техничко ниво, и денеска ќе продолжат со поголем интензитет, соопшти грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос.
– Ќе го проучиме и спроведеме договорот на Еврогрупата и евросамитот. Се надеваме дека сѐ ќе оди добро – изјави Цакалотос по состанокот на владиниот совет за економска политика.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, официјален претставник на грчкото Министерство за финансии вчера соопшти дека преговорите со кредиторите на техничко ниво ќе почнат денеска. На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања кои се однесуваат на фискалните, на пензиските и на трудовите реформи.
Грчкото Министерство за финансии соопшти дека прашањето за дополнителен трет пакет реформи не е започнато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција