Научниците открија дека видот на храна што луѓето ја јадат пред физички или психички напор има директно влијание врз здравјето. Експертите од Нотингем велат дека доручекот со понизок гликемиски индкес (GI) заедно со сокот од јаболка му помага на телото да ги топи мастите подобро.
Истражувањето кое го предводи Др.Ема Стивенсон се занимава со здравствената состојба на младите особи кога појадуваат одредена храна. Во текот на истражувањето нив прво им дале појадок кој предизвикува голем раст на глукозата во крвта – корнфлекс и млеко, бел леб, џем и газирани засладени пијалоци.
Потоа им ја промениле исхраната и им дале храна со низок GI. И двата појадоци имале иста количина на калории, јаглени хидрати, масти и протеини. Појадокот со низок GI се состоел од мусли, млеко, компот од праска, јогурт и сок од јаболко.
Три часа после јадењето, испитаниците поминале еден час на траката за трчање. Потоа им бил даден и ручекот, секако, исто како појадокот.
За време на овие дена експертите им зеле примероци од крв и воздухот кој го издишуваат. Од анализите истражувачите откриле дека плазмата на слободните масни киселини – кои ја покажуваат количината на маст која телото ја користи за енергија, започнува да расте два часа после појадокот со низок GI; во овој случај концентрацијата е многу поголема, што значи дека побрзо се согоруваат масните наслаги во телото.
– Заклучивме дека со консумирање на појадок со низок GI се зголемува оксидацијата на масти и додека се одмараме и додека вежбаме, а притоа влијае на апетитот, бидејќи испитаниците се чувствувале сити подолго откако изедоа ваков вид на храна– вели Др. Стивенсон.
Извор: Репортер.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.