| четврток, 6 декември 2018 |

ИД егзекутира најмалку 120 лица и зароби 350 лица

Исламска држава во ирачкиот град Мосил егзекутира најмалку 120 и зароби над 350 лица, соопшти гувернерот на провинцијата Ниневија,Асил ан Наџафи, цитиран од ДПА.

Islamisti-Giordania-Siria-jihad-salafiti

 

Според Ан Наџафи, зголемувањето на бројот на убиства и приведени лица од страна на џихадистичката група се должи на се поголемиот отпор против нејзината власт.

Егзекуциите биле изведувани со куршум во глава. Заробените лица главно се полицајци, актуелни и поранешни војници, службеници на избраните власти, поранешни кандидати за пратеници и духовни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top