| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на оштетено македонско возило во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година досега изнесува пет.

vozila-osteteni-grcija

Имено, на 25 (сабота) на ГП „Богородица“, е пријавено оштетување на автомобил од марката „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово. Возилото било оштетено така што било изгребано од двете страни со повлекување линија од предното лево крило, предната и задната лева врата и задното лево крило, предното десно крило, предната и задната десна врата и задното десно крило, а исто така е изгребана и ознаката МКД која била залепена на левата задна страна над штопот.

Настанот се случил во местото Калитеа и истиот не е пријавен во грчката полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top