Претставници на турскиот гигант Бешикташ допатуваа во Фиренца на преговори со Фиорентина околу купувањето на искусниот напаѓач Марио Гомез.
Италијанските медиуми наведуваат дека турскиот клуб нуди осум милиони евра за обештетување и се очекува да биде постигнат договор во следните неколку дена. Сепак за овој трансфер се прашува и фудбалерот кој се премислува и сака да се пресели во Истанбул, но на едногодишна позајмица во случај да не му се допадне авантурата.
Преговорите сеуште траат, а преставниците се обврзаа да испратат и приватен авион за да го доведе Гомез во Истанбул.
По доведувањето на неколу искусни и проверени фудбалски ѕвезди во најголемите конкуренти Галатасарај и Фенребахче, и Бешикташ сака да биде конкурентен следната сезона.
Пред Фиорентина Марио Гомез играше и за Баерн Минхен и Штугарт со кои ја освои Бундеслигата. Со баварците има и трофеј од Лигата на шампионите 2013 година. За репрезентацијата на Германија настапи 60 пати и постигна 25 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“