Најпознатата и најуспешна фирма во светот „Гугл“ е сон на многу луѓе. Меѓутоа, разговорот за работа во оваа компанија знае да биде многу компликуван.
Кандидатите и поранешните вработени им откриле на медиумите некои од прашањата што им биле поставени на интервјуто за работа.
Еден од вработените тврди дека „Гугл“ никогаш не користи исто прашање двапати.
Ова се некои од најтешките прашања, според мислењето на вработените:
1.Колку бензински пумпи има во САД?
2.Колку топчиња за голф може да собере во училиштен автобус?
3.Колку би го наплатиле чистењето на сите прозорци во Сиетл?
4.Осмислете план за евакуација на Сан Франциско.
5.Колку пати дневно се поклопуваат стрелките на часовникот?
6.Колку правосмукалки годишно се произведуваат во САД?
7.Зошто шахтите се кружни?
8.Колку студенти има годишно во САД што го завршиле четиригодишното студирање, кои дипломирале и веднаш нашле работа?
9.Колку степени има аголот меѓу стрелките на часовникот кога е 3.15?
10.Вие сте капетан на пиратски брод и вашата екипа гласа како да го поделите златото. Ако помалку од една половина пирати се согласат со вас, умирате. На кој начин ќе го поделите златото за да добиете добар дел од богатството, но и да преживеете?
11.Колку вкупно штимувачи на клавир постојат на светот?
Дали ги знаете точните одговори?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.