Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот 30/35 за упис на факултет за академската 2015/2016 година, наменет за жени над 30 години и за мажи над 35 години, кои немаат високо образование или не го дооформиле.
Обезбедени се вкупно 670 слободни места, од кои најмногу на Државниот универзитет – Тетово (315), на Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ 230, на „Гоце Делчев“ во Штип 80 и на „Климент Охридски“ во Битола 45 места. На кандидатите им се на располагање вкупно 44 студиски програми, во најголем дел технички, на 16 факултети од четирите универзитети. Тие самите ги утврдуваат критериумите и роковите за упис.
Со проектот 30/35 се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи во земјата за лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да го надградат и да го формализираат високото образование, односно да се стекнат со факултетска диплома.
-Проектот 30/35 се спроведува веќе шеста година по ред. Сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени, односно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено или пак невработени лица кои се пријавуваат во АВРМ најмалку 5 години, ќе им се овозможи да се запишат на студиска програма за прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противредност, истакна заменик-министерот Спиро Ристовски.
Ристовски рече дека кандидатите треба да имаат завршено четигодишно средно образование и заснован работен однос на неопрделено време или невработени лица кои се пријавуваат во Агенвијата за вработување најмалку пет години. Тие ќе ги кофинансираат студиите со 200 евра годишно. Се работи за понуда на вкупно 44 студиски програми, односно насоки, распределени на 16 факултети. Повеќе информации се наведени на интернет-страницата на МОН www.mon.gov.mk.
– Конкурсот е проектиран согласно со резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимања кои се актуелни или ќе бидат барани во иднина. Проектот 30/35 се спроведува шеста година и досега можноста ја искористиле околу 1500 граѓани – рече Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


