| четврток, 6 декември 2018 |

Саниран урнатиот плафон во ходник во домот „Гоце Делчев“; има индиции дека е намерно урнат

studentski goce delcevДржавниот студентски дом – Скопје по објавените информации во медиумите за урнат дел од плафон во ходник во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска соопшти дека веднаш е интервенирано и е извршена санација на настанатата состојба, за која се наведува во соопштението, „има индиции дека е намерно предизвикана, односно се работи за свесно и намерно уништување на инвентарот“.

Од Државниот студентски дом потсетуваат дека поради дотраеноста на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден пред повеќе од четири децении, а во насока на унапредување на студентскиот стандард и капацитетите за сместување на студентите, почна процесот на темелна реконструкција на сите објекти во состав на домот, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.

Реконструкцијата се реализира етапно, во неколку фази и согласно предвидената динамика во акцискиот план. Првата фаза, која подразбира темелна реконструкција на блокот Б од аспект на градежните активности е целосно завршена, а во меѓувреме во тек е и набавката на опрема. Овој објект во текот на ноември ќе биде пуштен во употреба. Потоа ќе следи реконструкција и на другите блокови, мензата и партерот, за што веќе е избрана фирма, која ќе ги изработи проектните решенија. Целосната реконструкција се очекува да биде завршена во текот на 2017 година, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top