| четврток, 6 декември 2018 |

Moрисеј, сепак, доаѓа во Скопје

Легендарниот британски музичар Стивен Патрик Морисеј, или едноставно – Морисеј, ќе одржи концерт во Скопје.

Иако прво беше најавено, па откажано неговото учество, од „Авалон“ продукција велат дека концерт ќе има, и тоа на 16 октомври во СРЦ Кале.

– Едноставно, британски и џентлмен Mорисеј на 10 декември 2014 година во Белград на Бобан Милошески му вети и го оддржа својот збор дека сака да настапи во Македонија! – велат од „Авалон“, додавајќи дека овој пат музичарот нема да има концерти во ниедна од околните земја, туку само во Скопје.

11752533_1096971220330904_5291001482869116125_n

– Бевме замолени да ја повлечеме најавата од пред десет дена и да ја запреме до денес поради тоа што сè уште не беа потврдени сите концерти, кои покрај скопскиот ќе бидат одржани во овој дел од Европа, а тоа се: Будимпешта, Букурешт и Љубљана – додаваат авалонци.

Концертите се најавени од самиот Mорисеј на веб-страницата.

Водачот на легендарните „Смитс“, со кои сними четири култни албуми, има 10 албуми во својата соло-кариера, а во Скопје доаѓа со „World Peace Is None of Your Business”, неговиот последен студиски албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top