| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник визи меѓу Хрватска и Турција

welcome-to-euОд 1 април годинава хрватските државјани мора да имаат виза за влеаз во Турција, а виза ќе може да се извади или на граничните премини или во дипломатско-конзуларните канцеларии на Република Турција, соопшти хрватското Министерство за  надворешни и европски прашања.

Исто така, од 1 април турските државјани, сопственици на обични патни исправи, мора да имаат виза за влез во Хрватска.

Како што се потсетува во соопштението, Хрватска е обврзана, во процесот на пристапување кон ЕУ, целосно да го усогласи својот визен режим со режимот на ЕУ, најдоцна три месеци пред датумот на пристапување.

Со оглед на фактот дека Хрватска на 1 јули и официјално влегува во членство на ЕУ, хрватскиот визен режим мора во целост да биде усогласен најдоцна до 1 април. Тоа значи дека за државјаните на Турција и на Русија, но и останатите држави кои не се членки на ЕУ, од тој ден ќе се применува класичниот визен режим, пренесе агенцијата ХИНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top