| четврток, 6 декември 2018 |

Почина ќерката на Витна Хјустон

bobi-kristina1_ff

Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина почина во болница, шест месеци откако беше најдена во бесвесна состојба во својот дом во Џорџија.

Дваесет и двегодишната девојка починала во опкружување на нејзиното семејство и пријателите во болница. Мајка ѝ, Витни, почина три години претходни откако беше најдена мртва во када во својот дом во Беверли Хилс. Кристина под слични околности беше најдена во критична состојба во домот во Џорџија.

Нејзината смрт се води како „обид за убиство“ бидејќи беше најдена во када со модринки на телото. Според информациите на сајтот ТМЗ, прв што ќе биде испрашан за нејзината смрт ќе биде нејзиното момче Ник Гордон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top