| четврток, 6 декември 2018 |

И Витни Хјустон не била невина – го изневерувала сопругот со кого ќе стигнела

витни

Автобиографијата на сопругот на Витни Хјустон, Боби Браун, е полна со шокантни откритија. Откако дознавме дека Витни имала лезбејска афера, сега во јавноста е исфрлен уште една шокантен податок.

Браун во медиумите често беше посочуван за неверства, но се чини дека ниту славната пејачка не му останала должна. Браун во книгата тврди дека Витни често му била неверна, а освен многубројните афери со продуцентите и музичарите со кој соработувала, особено ја истакнува нејзината врска со легендарниор рапер Тупак Шакур.

Иако не се откриени други детали, се тврди дека ни Браун не се воздржувал, па во книгата се осврнува и на низа сексуални афери кои ги имал, меѓу другите и со Џенет Џексон и со Мадона, но и на проблемите со дрогата и честите апсења кои денес, како што тврди тој, се позади него.

Во книгата тој ги демантира и сите оние написи на медиумите кои со години го обвинуваа дека славната пејачка ја навлекол на кокаин. Тој тврди дека Витни дрогата ја користела многу пред да го запознае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top