Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(23) од струшкото село Велешта.
Вчера околу 13,15 часот, пријавениот на ул.„Маркс Енгелсова“ од огнено оружје пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга.
-Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга, информираат од полицијата.
По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на сега пријавениот при што во дворот забележано е патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки.
Во багажникот од возилото пронајден е пиштол со кое е извршено делото, марка „ХС“ со рамка без муниција.
Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Црн Дрим се дави во ѓубре