Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015 собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ја продолжи утре во 10 часот.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, причина за ребалансот на Буџетот за 2015 година се остварените повисоки приходи кои со ребалансот се преточуваат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.
Тој појасни дека ќе нема кратење кај ниту еден буџетски корисник, туку со ребалансот ќе се интензивира реализацијата на повеќе проекти, меѓу кои гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.
Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат и дополнителни средства за мерките и политиките во делот на социјалната заштита на населението, особено за ранливите категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.