| четврток, 6 декември 2018 |

Заменик директорот на УЈП е убиен поради крвна одмазда

Според домашните медиуми заменик директорот на УЈП Аргетим Асани е убиен поради крвна одмазда.

lenta-policija500

Бајрам Купа тврди дека зад убиството стои неговиот син како и дека тоа го сторил од одмазда за неговиот убиен брат. Официјано, полицијата не го соопштува идентитетот на осомничениот, кој инаку е на распит во полициска станица.

Аргетим Асани беше убиен вчера на улицата „Маркс и Енгелс“. Убиството се случи попладнето пред хотелот „Дрим“ во Струга.

Од автомобил во движење напаѓачи пукаа кон стружанецот.

-Околу 13.20 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, пукано е врз жител на Струга роден 1973 година. Пукано е од возило во движење марка „Голф”, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Повредениот беше префрлен во Струшката болница каде им подлегна на повредите.

Полициската истрага е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top