Тригодишно дете загина вечерва околу 19 и 30 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај градските гробишта во Штип.
Основниот јавен обвинител Јован Ѓурков рече дека несреќата се случила околу 19:30 часот кога тригодишниот Х.Ј. бил на гробиштата заедно со родителите, но во критичниот момент се истргнал од рацете на 12 – годишната сестра и го претрчал регионалниот пат Штип – Радовиш.
Во тој момент на патот минувал автомобил „голф“ со штипски регистерски таблички, кој директно удрил во детето.
Телото на детето е предадено на обдукција. На лице место на возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.
Јавниот обвинител и полицијата се уште се на местото на несреќата. Сообраќајот на влезот во Штип се одвива во една сообраќајна лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.